Модната недела во Њујорк помина во знакот на повеќе познати имиња, а со тоа љубителите на модата имаа можност да ги видат трендовите преку различни креативни изразувања.

Александар Ванг презентираше колекција во соработка со „Адидас“. Спортската естетика доминираше, исклучувајќи ги деталите на кои Ванг често посветува многу внимание.

Александар Ванг

Томи Хилфигер својата колекција исто така ја базира на спортската есетика, но овој пат во комбинација со морски мотиви и крзно.

Томи Хилфигер

Иако се работи за сезона пролет-лето 2017, сепак американскиот дизајнер понуди и дебели џемпери, плетени фустани, кратки бунди, како и тексасни парчиња во изобилство, за на крај ревијата да заврши во препознатливиот спортски Хилфигер стил.

 Томи Хилфигер

Џејсон Ву и Алтузара прикажаа колекции што се движат помеѓу елегантното и спортското.

Џејсон Ву

Џејсон Ву вниманието го привлече со цветните креации, како и фустаните со картнери, додека „Алтузара“ за следната пролет-лето сезона понуди кошула-фустани, здолништа и блузи во сина боја, како и комбинации цели во принт – од пети до глава. Дури и вие што не го преферирате ваквиот тренд, ќе посакате да се облечете така, бидејќи принтовите не се пренагласени и овој тип на еклектичност може да добие и нови обожаватели.

Алтузара

За крај ја оставивме британската дизајнерка Џени Пекам, која понуди елегантна колекција. Веруваме дека нејзините нови парчиња ќе бидат прилично застапени на црвените килими. Најзастапени се црно-белите комбинации, но Џени понуди и тоалети во интензивни виолетови и портокалово-црвени нијанси.

 Џени Пекам

Во галеријата погледнете го нашиот избор од викенд-програмата на актуелната модна недела во Њујорк.

 

Објавено:
12 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
590 пати