Одберете си нешто од празничната колекција на Зара

4 декември 2013

Со оглед на тоа што новогодишните празници веќе се на прагот, мора да почнеме да се подготвуваме и да размислуваме за тоа какви комбинации ќе направиме.

Во тоа многу ни помогна декемврискиот каталог на Зара во кој има неверојатно модерни и кул празнични парчиња. Бидејќи веруваме дека како и секоја година, така и оваа ќе се направат мал милион фотографии, потребно е да бидеме ултра дотерани и гламурозни.

Во празничниот каталог на Зара преовладуваат црната и темно сината боја, а сите парчиња се комбинација на лежерен гламур кој дефинитивно е совршен за празниците.

Сите парчиња можете да ги погледнете во галеријата подолу и да си одберете некое во кое ќе блеснете на новогодишната ноќ.

Објавено:
4 декември 2013
Категорија: 
Колекции