Од 2021 година па наваму, Жан Пол Готје поканува гости дизајнери давајќи им можност да остварат спин на препознатливиот провокативен стил на француската модна куќа. Оваа сезона, таа чест му припадна на креативниот директор на Балман, Оливие Рустeнг.
Со својата „haute couture“ колекција, за време на модната недела во Париз, тој ја потсети јавноста на голем дел од популарните модни трендови и безвременски мотиви во дизајнот кои Жан Пол Готје ги оставил зад себе како свој печат пред да се пензионира.
Фото: harpersbazaar.com
Инспириран од легендарната колекција од 1994 година „Les Tatouages", Оливие Рустенг го започна процесот на креирање без да изостави ниту еден елемент на Жан Пол Готје, но понатаму тој ѝм додаде свој печат на препознатливите дизајни.
Па така, познатите морнарски пруги на Готје, Рустенг ги проткаја низ своите гранџ кошули, но исто така и ги прекри со прозирни блузи кои имитираат тетоважи. Тој исто така внесе свој потпис и со фустани со предимензионирани рамена и колкови.
Фото: harpersbazaar.com
Рустенг, кој смело игра и со материјалите, создаде скулптурални металик фустани во чест на познатите лименки парфеми Le Male и Classique на Готје. А покрај тоа, со оваа колекција се присетуваме и на заострениот градник на брендот, кој Мадона го направи познат. За оваа колекција, Рустенг посветил четири месеци во истражување и креирање на секое парче - од кои за повеќето биле потребни 400 до 600 часа за да се завршат.
Фото: harpersbazaar.com
Фото: harpersbazaar.com
Погледнете како изгледаа моделите облечени во креациите на Оливие Рустинг.
Фото: harpersbazaar.com