Оливие Рустенг создаде колекција со која се импресионираше самиот себе

29 септември 2017

Омилениот дизајнер на топ моделите чии креации со задоволство ги носат и надвор од модните писти, Оливие Рустенг, вчера ја презентираше својата нова колекција за Балман за сезоната пролет-лето 2018 на Модната недела во Париз.

Младиот дизајнер совршено добро ја разбира поп културата и исто толку совршено знае да ја имплементира во својот дизајн.

Вчерашната негова ревија беше едно комплетно поп уживање во кое веднаш ќе забележите дека играл со формите и силуетите и креирал едно ново лице на својата препознатливост.

Волуменозните карнери, комбинацијата на тантела, мрежа и латекс... можеби звучи неспоиво, но Оливие направил комбинација која несомнено ќе биде хит следната сезона.

Секоја негова колекција има своја симболична палета на бои, а овој пат се е во има на контрастот меѓу црно и бело.

Пред ревијата, за Вог изјавил дека со оваа колекција сакал да се импресионира себе, но и публиката, бидејќи постојано размислува на својот страв да не биде одбиен што пак потекнува од неговото детство кога бил посвоен и постојано стравувал да не се врсти во сиропиталиштето.

Ве импресионира ли вас?

Објавено:
29 септември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
359 пати