Опуштена и ретро кампања на Пепе џинс
•
7 февруари 2014
Новата кампања на брендот Пепе Џинс Лондон е интересна, опуштена и ретро. Целата кампања е снимана на улиците на Лондон, а моделите се облечени како пријатели кои се фотографираат пред автомобил, со што уште повеќе се потенцира на лежерноста и опуштената атмосфера.
Во главните улоги се Бехати Принсло, Марта Дајкс и Џорџ Алсфорд.
Црно-белите фотографии ги сними Џош Олинс, а „пријателите“ носат џинс комбиниран со карирани кошули, обични маици и јакни. Се истакнуваат црните салонки, детално украсените елечиња и интересни сандали.
Во продолжение погледнете ги фотографиите: