Неодолива готска естетика владееше на модната писта на Версаче минатата недела за време на ревијата во рамките на Модната недела во Милано.
Колекцијата на Версаче за пролет 2023 блесна на сцената на која што беа поставени црни свеќи, а во позадина беа пуштени хитовите на легендарниот Принц.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Креациите на Донатела Версаче за оваа ревiја зрачат со бунтовност и моќ, совршено илустрирани преку модели кои се базираат на црна основа, несиметрични исечоци, тесни топови, проѕирни фустани, моторџиски јакни, многу кожа, чипка, сатен и свила, реси, марами, високи чизми на платформи со бројни ремени, цветни и анимал принтови.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Покрај доминантната црна боја, на пистата зачекорија и модели во јаки неонски нијанси на розова, жолта, магента и виолетова боја кои неодоливо асоцираа на поп, рок, фанк и панк ерата од 80-тите години на минатиот век.
За финалето, Версаче припреми уште едно изненадување и вистинска експлозија на носталгија кон поп-културата од минатото. Ревијата беше затворена со појавување на иконата Парис Хилтон која беше облечена во краток розов светкав фустан и розов вел на главата.
Фото: Vogue
Погледнете како изгледаше ревијата на Версаче минатиот петок.
Фото: Vogue