Пенелопе и Моника Круз открија како ја замислуваат долната облека

1 август 2013

Kruz

Актерката Пенелопе Круз и нејзината сестра Моника ја прикажаа својата прва линија за долна облека направена за „Agent Provocateur“, а истата уште од денеска ќе се најде во продажба.

„Врската е мошне семејна. Моника позираше за ланската есенска кампања, а тогаш таа и го спомна итересот да креира своја линија. После тој првичен разговор, две недели подоцна, ги договоривме сите работи и почнавме да ја дизајнираме колекцијата. Тие навистина се дадоа максимално и се дел и од нашето семејство“, изјави креативниот директор на брендот, Сара Шотон.

Дебитантската „L'Argent“ колекција вклучува градници, гаќички, беби дол... долна облека за сите типови жена, изработени од свила, сатен, тантела и тул. Секое од парчињата има по едно шпанско име.

Цената пак на долната облека се движи од 18 фунти за гаќички до 145 фунти за корсет.

Во продолжение погледнете го дизајнерското деби на сестрите Круз

Објавено:
1 август 2013
Категорија: 
Колекции