Error message

PFW: Едноставност v.s. принтови и бои на осмиот ден

10 март 2015

Осмиот ден од модната недела во Париз помина во знакот на познати модни брендови. Со свои ревии меѓу другите се претставија и Стела Мекартни, Ермес, Соња Рикел, Џамбатиста Вали, Сен Лоран. Според прикажаното, може да се рече дека се водеше „борба“ помеѓу минимализмот, едноставните бои и кроеви од една страна и богатата колоритност и принтовите од друга страна.

Во продолжение ви го презентираме кусиот преглед до вчерашните ревии:

Стела Мекартни

collage1

Во зимската колекција што ја презентираше вчера во Париз, Стела остана доследна на себе, но внесе и нови елементи, со што ги исполни очекувањата на публиката и модниот свет. Како вели самата, преку прикажаното сака да покаже дека ја слави слободата и ја истражува класиката. Токму затоа, машките кроеви и овој пат беа забележливи, како и доминацијата на асиметричните парчиња. Особено внимание привлекоа плетените парчиња со еден ракав, како и палтата и широките панталони, подвиткани на крајот од ногавицата. Имајќи ја предвид ноншалантноста и спортско-елегантната нота што Мекартни ја вклучува во своите креации, ваквите чекори не изненадија. Во првиот дел од колекцијата доминираа сиви нијанси, додека парчињата од втората половина беа во бела боја и материјали со златен сјај и дезен. Крајните креации кои беа впечатливи по својата елеганција, беа во црна боја. Колекцијата содржеше и неколку парчиња што наликуваа дека се од крзно, а не беа, но сепак беа исто меки и волуменозни. Обувките беа кожни, а од модните додатоци впечатливи беа ѓерданите во неправилна форма. Севкупниот впечаток е дека Стела понуди колекција со парчиња кои ја обединуваат лежерноста, елеганција, спортскиот и деловен стил, што според многумина е и одличен бизнис чекор.

collage2

collage3

collage4

collage5

Џамбатиста Вали

collage1

Џамбатиста Вали нè навикна во неговите креации да очекуваме цвеќиња. А тие беа присутни и во оваа најнова колекција. Всушност, целата колекција беше во знакот на принтовите. Кога се кроевите во прашање Вали е само уште еден во низата дизајнери што ги аплицираа трендовите од крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите во 2015//16. Ѕвонарките, долгите туники и палта, фустанчиња во А-линија се доминантните парчиња, а преку богатото шаренило, брендот сакаше да покаже дека мешањето бои, принтови и дезени не мора да биде невкусно. На сите што им се допаѓа модата од хипи ерата, ќе бидат задоволни од новата, актуелна верзија што ја презентираа Џамбатиста Вали и неговиот тим.

collage2

collage3

collage4

collage5

collage6

Ермес

collage1

Кога мислите на Ермес, мислите на кожа, а токму овој материјал доминира во најновата колекција за есен-зима 2015/16. Тимот на брендот одлучи да се врати кон корените, затоа што како што велат, за да можете да работите во Ермес, мора да знаете да работите со кожа. А за наредната зимска сезона, тие го спојуваат старото и новото. Сите креации се во црна, црвена и крем нијанса. Доминираа јакни и здолништа од велур, широки палта од лакирана кожа со големи џебови. Но, од друга страна, креациите од свила внесоа елеганција во колекцијата. Внимание привлекуваат и модните додатоци, како ремени за околу врат, и нежните ланчиња украсени со скапоцени камења.

collage2

collage3

collage5

collage6

Соња Рикел

collage1

Со оглед на тоа дека брендот го наследуваат неколку генерации жени, новата дизајнерка Џули де Либран одлучи да ја зачува таа интимност во брендот, претставувајќи ја овој пат и преку просторот, кој наликуваше на библиотека. Со зборови можете да излажете, но одразот во огледало не може да ве излаже, особено кога го имате насекаде околу сцената. Водена од таа мисла, дизајнерката претстави колекција во која рефлексијата имаше свое почесно место, претставена преку металик парчињата и креациите од кашмирот во различни нијанси. Со оглед на тоа дека еден од препознатливите нешта на брендот се плетените парчиња, нема потреба да нагласуваме дека тие доминираа, а овој пат на пистата видовме и неколку машки парчиња. Неколку комбинации вклучуваа и крзно, кое исто така беше во различни бои и нијанси, а последните креации вклучуваа и тантела со сјај.

collage2

collage3

collage4

collage5

collage6

collage7

Сен Лоран

collage1

Бунтовност и предвидливост се зборовите што би ја опишале вчерашната ревија на бренто Сен Лоран. А токму предвидливоста во модниот свет знае да се протолкува како грешка што тешко се простува, што значи дека брендот се соочува со проблем.

Креативниот директор Хеди Слиман понуди фустанчиња со тул, кожени парчиња, искинати хулахопки и мини здолништа, а тие во комбинација со бушава коса и ефект на smokey eyes комплетно нè вратија во 1990-тите. Особено во училишната атмосфера во тој период, кога беше особено важно да се биде кул, а тоа ќе се постигнеше токму со ваков бунтовен и дрзок изглед, кој на моменти можеби беше и премногу смел.

Ако Слиман имаше за цел да ги придобие тинејџерките со оваа колекција, можеби и ќе успее, но во секој случај, модниот свет прогнозира дека на овој бренд со долга традиција под инто му се потребни промени.

collage2

collage3

collage4

collage5

collage6

collage7

Објавено:
10 март 2015
Категорија: 
Колекции