PFW: Шанел - Стандардна колекција прикажана на футуристичка сценографија

5 октомври 2016

Со своите луцидни идеи и бесконечна креативност, Карл Лагерфелд за време на своите шоу модни ревии, музејскиот комплекс „Grand Palais" секогаш го претвора во еден сосема поинаков свет.

По аеродромот, супермаркетот и ресторанот, пистата на Шанел овој пат не лансираше во една нова технолошка димензија односно во нивниот дата центар.

Иако во модните кругови се коментира константно истиот дизајн во однос на естетиката на неговите линии, сепак се навикнавме од неговата имагинација секогаш да очекуваме повеќе шоу отколку стандардна модна ревија.

Колекција за пролет-лето 2017, претставена вчера во Париз, беше отворена прилично футуристички со два модели кои наликуваа на војниците од „Војна на ѕвездите", облечени во класични Шанел одела.
И овој старт на модната ревија не беше најава за тоа што следува, туку филмска увертира која беше тематски синхронизирана повеќе со сценографијата отколку со моделите.

А она што прво може да се забележи кај оваа колекција е контрастот помеѓу стандардните Шанел одела во колоритни дизајни и ексцентричните модни додатоци како качкетите, ланците и драстичниот редизајн на класичната Шанел чанта, која доби футуристички изглед налик на неонски светла што се палат и гасат.

Покрај твидот што важи за заштитен печат во дизајнот на луксузната модна куќа, во оваа колекција доминантна беше комбинацијата со нежна тантела која ќе се задржи како тенденција и следната пролет-лето сезона.

Во однос на чевлите, Лагерфелд и овој пат отстапи од високите платформи и се фикусираше на удобноста.

 

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
234 пати