Планинско-градска авантура од новата колекција на Томи Хилфигер

12 август 2014

Американскиот бренд Томи Хилфигер ја претставува најновата кампања насловена „La vie en rope“ од која воедно се најавува лансирањето на колекцијата есен-зима 2014/15 година. Главната тематика од кампањата е авантура во природа до езерото Тахо на границата меѓу Калифорнија и Невада. Кампањата е фотографирана од познатиот Крег Мек Дин, додека како стилист се потпишува Карл Темплер.

-Кланот на Хилфигер се врати, никогаш поспреми за авантура. Во колекцијата есен-зима 2014/15 ја освеживме традиционалната опрема за планинарење и престојот во природа и сите парчиња ги прилагодивме и на градскиот животен стил. Оваа колекција има едноставна мешавина од технички референци за престој во планина и традисионални карирани модели изработени во соработка со произведувачите на британска волна „Abraham Moon“, изјавува модниот визионер Томи Хилфигер.

Освен на американскиот пазар, новата колекција веќе е на продажба и низ продавниците во Европа.

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Колекции