Погледнете ги парчињата од божиќната колекција на Џеј Зи за Barney's

23 ноември 2013

Божиќната колекција на Шон Картер за Barny's конечно го виде светлото на денот! Дел од парчињата беа објавени на Интернет и како што многумина мислеа, сите до последно се навистина одлични.

Но, за да си купите барем едно од овие парчиња, ќе треба да одвоите цело богатство. На пример, доколку ви се допадне Balmain маичката, ќе треба да платите цели 775 долари, за Проенза Шулер чантата ќе треба да одвоите вкупно 3.195 долари, а за крзнено палто дури 2.295 долари.

Ова се само некои од цените на парчињата на Џеј Зи, но пред да го осудите за цените, мора да имате на ум дека сите собрани средства од продажбата на колекцијата ќе одат во хуманитарни цели, односно во фондацијата на господинот Картер.

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Колекции