Планетарно популарната музичка дива Ријана во соработка со луксузната групација LVMH неодамна го промовираше нејзиниот бренд Fenty, а деновиве беше лансирана и првата колекција на нејзината модна куќа.

Во нејзината прва официјална колекција за брендот таа смести бројни шик парчиња меѓу кои и структурирани јакни, стилски панталони, женски костуми, волуменозни палта, впечатливи кошулки и секако, тренди модни додатоци.

Колекцијата беше промовирана преку кусо тизер видео пред официјалното лансирање на колекцијата, а во истото можеме да ја видиме пејачката како ги стилизира моделите облечена во парчиња од нејзиниот бренд.

Во колекцијата нема многу боја, односно претежно можеме да видиме светли нијанси со акцент на белата, розовата и крем.

Веста за отворањето на нејзиниот нов бренд во рамки на групацијата LVMH беше поздравена во модните кругови со оглед на тоа што таа е првата жена што создава бренд за групацијата и првата Афроамериканка воопшто што добила ваква чест.

Во неодамнешното интервју за Њујорк Тајмс таа откри дека е многу возбудена за оваа можност и дека ќе даде сè од себе за да не ги разочара обожавателите.

Инаку, во истото таа откри дека веќе една година живее во Лондон и дека е пресреќна што може да излезе на прошетка, секако инкогнито, во населбата каде живее и дека е фасцинирана од ваквиот начин на живот.

Обожавателите беа воодушевени и кога во една нејзина објава на Инстаграм во позадината имаше торба од познатиот ланец на супермаркети Sainsbury's, со што подоцна се потврди дека таа навистина престојува во Лондон и дека ужива да купува во нивните продавници. 

 

Во продолжение погледнете ги сите парчиња од нејзината колекција за Fenty. 

Инфо и фото: Harper's Bazaar

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
283 пати