Погледнете го најдоброто од Serbia Fashion Week

29 април 2015

тимот на Serbia Fashion Week тимот на Serbia Fashion Week

Модната недела во Нови Сад, насловена како Serbia Fashion Week заврши завчера. За време на оваа национална недела на модата, се одржаа 35 ревии, а своите колекции ги презентира повеќе од 50 дизајнери, меѓу кои и нашата дизајнерка, Мила Кадриу. Во рамки на програмата се одржаа изложби, семинари, стручни конференции.

Последниот ден се претставија Милица Тричковиќ, Марко Маросиука, Елена Каратас од Русија, а групна ревија имаа и студентите од Fashion Engineering School.

Изминативе седум дена, пред тамошната публика свои ревии имаа и познатите дизајнери Марија Шабиќ, Бата Спасојевиќ, Данијела Божовиќ, Марина Миќановиќ, Бошко Јаковљевиќ, на чија ревија како манекенка се појави и Тијана Дапечвиќ.

BOŠKO JAKOVLJEVIĆ

На крајот, на публиката ѝ се поклонија и луѓето кои го подготвуваа овој голем проект, кој имаше преку 20.000 посетители, а и тие го добија заслужениот аплауз.

тимот на Serbia Fashion Week тимот на Serbia Fashion Week

атмосфера на затворањето на модната недела атмосфера на затворањето на модната недела

И дизајнерите прошетаа на писта на крајот од манифестацијата И дизајнерите прошетаа на писта на крајот од манифестацијата

Во продолжение погледнете дел од најдобрите креации претставени на овој моден настан.

Објавено:
29 април 2015
Категорија: 
Колекции