Соработките на H&M со светските дизајнерски имиња, секогаш се интересни за јавноста и речиси без исклучок поминуваат успешно кај нивниот таргет. Последната колекција за шведскиот гигант ја дизајнираше Ердем, а лукбукот го направи признатиот фотограф Мајкл Пуделка.
Сега конечно имаме можност да ја видиме комплетната колекција којa се состои од четириесетина парчиња кои го одразуваат препознатливиот дизајнерски карактер на Ердем.
Веќе претпоставувате, флоралните мотиви, дезени и принтови се носечки идентитет, но исто така во колекцијата ќе најдете и класични парчиња облека како панталони и кошули во сиви и бели варијанти, плетени џемпери, елегантни чанти, чевли и брошови, како и капути, романтични фустани о волнени здолништа.
Фото извор: H&M - Ердем