Погледнете ја целата колекција на Москино за H&M
•
15 октомври 2018
Забавната страна на модата е најпрепознатливата карактеристика за дизајнот на Москино. Колоритен, игрив, неконвенционален, неочекуван, еклектичен – темпераментот на Москино секогаш е препознатлив.
Таков е и во колекцијата која е резултат на соработката помеѓу Џереми Скот и H&M.
Интензивните бои го дефинираат текот на колекцијата во која лесно ќе го препознаете Москино. Дуксери со апликации и со ликови од цртаните на Дизни, џинс, кожени јакни, здолништа и панталони, шаренило во кое доминира естетиката на уличната мода.
Во импозантната листа на соработки со шведскиот гигант се запишуваат и Кензо, Балман, Александар Ванг, Ердем... и секој од нив остава свој карактеристичен печат.
Погледнете ја целата колекција во галеријата во продолжение.