Погледнете ја капсулната колекција на Медам Кирчоф за Топшоп

15 ноември 2013

Британските дизајнери Медам Кирчоф уште еднаш ги здружија силите со Топшоп со кој создадоа тотално „луда“, капсулна колекција што треба да излезе во продажба од 21 Ноември во Лондон.

„Медам Кирчоф ги презентираа своите колекции во Лондон околу 8 години, тие се неверојатни таленти, оригинални и инспиративни“, вели Кејт Пелан, креативниот директор на Топшоп.

Таа додава дека нивните колекции се деликатни и романтични со интересни ноти што ги прават истите модерни и иновативни.

Ова е четврти пат оваа сезона како британското инвентивно дуо соработува со Топшоп. Овојпат колекцијата е наречена „The Cherrys“ и истата нуди навистина неверојатни парчиња за сечиј вкус. Инспирирана е од творештвото на Мерлин Менсон и The Spooky Kids.

Во колекцијата ќе пронајдете 89 рок и глам парчиња, што досега е и најсодржајната колекција од дизајнер за Топшоп. Покрај прекрасни парчиња облека, во колекцијата се состои и накит, различни модни додатоци и обувки вклучувајќи ги и чизмите на платформа во стилот на 70 – те.

Погледнете!

Објавено:
15 ноември 2013
Категорија: 
Колекции