Погледнете ја колекцијата чанти и чевли од Елена Лука за пролет-лето 2014

16 април 2014

Во комплетната приказна за својата нова колекција „Golden reins“ која неодамна беше промовирана пред бројната публика во рамките на Модниот викенд Скопје, модниот бренд Елена Лука понуди и своја колекција на ексклузивни чанти и чевли за актуелната сезона пролет-лето 2014, која ја следи темата на дизајнерската линија облека.

Елегантните чанти и чевли се изработени од високо сјајна лакирана кожа, во црна и златна варијанта и истите се облагородени со додатоци од златни синџири и плочки со гравирани монограми со логото на модната куќа.

Чевлите се со средно висока потпетица и со суптилно заоблени шпицови, додека чантите варираат од пликоа во асиметрични форми до такви со кратки рачки со прекршени преклопи кои се истовремено шик и создаваат визуелно-перцептивна игра.

Уникатните модни додатоци со кои успешно се финишираше колекцијата „Golden reins“ се веќе достапни за продажба во двата изложбени салони на Елена Лука.

 

 

 

Објавено:
16 април 2014
Категорија: 
Колекции