Погледнете ја машката колекција на Манго

6 март 2014

Шпанскиот моден бренд Манго ја лансираше и својата пролетна машка колекција за 2014-та. Колекцијата го носи називот „Journey on the road“, а е составена од класични, но лежерни парчиња облека во неутрални бои, со по некој детаљ во црвена боја.

Исто така, доминираат панталоните, блузите, сакоата, кошулите како и одличните кожени јакни, кои многумина сметаат дека се загарантиран успех. Сите комбинации се надополнети со вратоврски, торби и чевли.

Во продолжение погледнете ја колекцијата:

1

2

3

4

5

6

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Колекции