Погледнете ја одличната колекција на eNVy room и Белисима

21 февруари 2014

Кога е елегантната мода во прашање, момците од дуото „eNVy room“ се апсолутни феномени, а за претстојната пролет тие одлучија да направат соработка со модната куќа Белисима. Резултатот од соработката – прекрасна колекција со атрактивни модели.

Во колекцијата можете да најдете класични парчиња како кошули, комбинезони, палта, но и елегантни и светкави фустани во кои ќе се пронајде секоја модерна жена.

„Нашата модна куќа е позната по тоа што соработува со етаблирани дизајнерски имиња од регионот, а ова е прв пат да работиме со дизајнери од Хрватска. На наше огромно задоволство работевме со Никица и Вјеко од eNVy room. Тие за нас ќе изработат две колекции и тоа за сезоните пролет/лето и за есен/зима. Првата ќе биде пуштена во продажба овие денови, а другата кон почетокот на есента“, изјави Дин Бачковиќ, креативен директор на модната куќа Белисима.

За романтичната кампања преку која е презентирана колекцијата, и овојпат беше задолжен Шиме Ешкињ кој ја фотографираше младата Татјана Галиќ во цветниот центар Фењер.

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Колекции