Погледнете ја ресорт колекцијата на Матичевски

11 јуни 2015

Меѓу бројните Ресорт колекции за 2016 година, излезе и онаа на австралискиот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски. Доследен на боите – црна, бела и сива и структуралните форми, од дизајнерот повторно видовме колекција што ќе препознаете дека е негова.

Со уметнички  пристап,в олуменозни здолништа, со такви горни делови, карнерите, асиметричноста е она што е сосема застапено во оваа Ресорт колекција, имплементирани на еден нослив и тренди начин.

Особено внимание привлекуваат креациите од металик материјалот со принт. Асиметричниот комбинезон е полн погодок за оваа сезона, како и здолништата со миди должина.

Креациите на Матичевски може да се комбинираат во повеќе стилови и пригоди, па дизајнерот уште еднаш ја покажа својата умешност и играта со кроевите, приспособувајќи ја за повеќе целни групи.

Артистичноста се гледа и преку начинот на кој е претставена колекцијата, а ќе ви ја прикажеме во продолжение:

Објавено:
11 јуни 2015
Категорија: 
Колекции