Позната хрватска манекенка во новиот лукбук на Страдивариус

19 август 2014

Хрватската манекенка Клаудија Античевиќ ги најавува новите сезонски тенденции на шпанскиот бренд Страдивариус во лукбукот за есен-зима 2014/15 година.

Според објавенеите фотографии, модниот гигант прогнозира романтична есен во која основен стилски правец ќе биде боемскиот шик.

Линијата ја сочинуваат здолништа кои носат винтиџ дух, високострукирани фармерки, фустани со принтови, удобни капути, секогаш присутните класични бели кошули, крзно, како и бројни модни додатоци кои во едноставното секојдневие ќе внесат доза гламур.

Лежерниот боемски стил споен со класични парчиња потсеќа на удобна и урбана есен која со нетрпение ја очекуваме.

 

Објавено:
19 август 2014
Категорија: 
Колекции