Соработките помеѓу влијателни модни икони и познати модни куќи, е се почеста концептуална варијанта што се применува во индустријата, затоа што се покажала како успешна.
Во низата такви, актуелна е соработката меѓу познатата стилска икона Леандра Медин и шпанскиот гигант Манго.
Популарната Леандра креираше лимитирана колекција за брендот, во која направила спој меѓу функционалните, базични парчиња и елегантната и свечена естетика со која веќе се најавува празничната сезона.
Во линијата е пренесена нејзината лична стилска перцепција, па ќе го препознаете нејзиниот индивидуален стил во кој преовладуваат едноставни парчиња, но со карактеристични и впечатливи детали.
Покрај монохроматските џемпери, палта и мантили, колекцијата е збогатена со парчиња со посвечена нота доловена преку светкавите детали и елегантниот накит.
Со оглед на тоа дека Леандра одлично го познава вкусот на Манго девојките, веруваме дека оваа колекција која веќе е достапна во онлајн продажба, периодов ќе ужива голема популарност.