Во пресрет на новогодишните празници потребна ни е доза инспирација за свечени фустани за сите оние забави што ни претстојат.

Последната колекција на брендот La Jupe ќе ве воодушеви и ќе ве остави без здив, а веруваме дека веднаш ќе посакате да ги имате сите фустани во вашиот плакар.

Овој бренд неколку години е синоним за впечатливи и женствени фустани, а зад него се потпишува Сања Дујмовиќ од Мостар.

Инспирацијата за оваа колекција дизајнерката ја пронашла во празниците и целата прекрасна атмосфера што доаѓа со нив, а резултатот е одличен.

Во истата ќе најдете неодоливи фустани изработени од нежна тантела, кадифе, тул и романтични цветни принтови.

Сите фустани се изработуваат рачно по што и брендот е познат, а процесот на шиење е целосно персонализиран, односно фустаните се прават по мерка на секоја клиентка.

Во галеријата погре погледнете ги сите модели од прекрасната празнична колекција на La Jupe.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
4 декември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.540 пати