Претставена  колекцијата на Симон Роша за H&M

9 февруари 2021

Соработката која неколку години го чекаше својот момент, беше најавена пред неполн месец. Сега, на виделина излегоа парчињата кои ирската дизајнерка Симон Роша ги дизајнираше за шведскиот бренд H&M. Парчињата се олицетворение на работата на Роша - елегантни, романтични и придвижени од емоција. Колекцијата е инспирирана од сензибилитетот на Роша како бренд и претставува своевиден омаж на Ирска и Хонг Конг, текстури, материјали, историја. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SIMONE ROCHA (@simonerocha_)

Ова е прв пат за дизајнерката, покрај женската гардероба, да дизaјнирa и за мажи и деца.

,, Се надевам дека парчињата од оваа колекција ќе се чуваат во наредните неколку години. Секое парче е одраз на  мене и естетиката на мојот бренд во изминативе 10 години," изјави Симон Роша.

Објавено:
9 февруари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
185 пати
Тагови: 
Симон Роша