Принтови, принтови и само принтови! Најновата колекција на Брендон Максвел

17 мај 2021

Во досегашната работна кариера од неколку години активно учество на модната сцена, Брендон Максвел се покажа како вистински љубител на женската фигура, и не толку голем фан на принтовите.

Од Американецот досега имавме видено само еден подзаскриен принт некаде меѓу колекциите, а неговата естетика главно се базираше врз минимализмот. 

Но, пандемијата и изолацијата прават чуда!

Принуден да се врати во родниот Тексас, Максвел останува таму 5 месеци, па ја подготвува ресорт колекцијата која деновиве имавме можност да ја видиме. А на неа?! 

Принтови, принтови и само принтови!

Фустани со точки, бунди и чизми со леопардски и тигрест принт, пеперутки, цветови - крупни, ситни, на фустани, на здолништа на панталони и кошули!

И навистина е позитивно освежување на естетиката на Брендон Максвел, бидејќи, колку и да е добар неговиот крој, на модата во моментов и' е потребна свежина, боја и… принт! А очигледно Максвел се придржува до паролата: Сè или ништо, па не само што вметнува принтови туку и ги комбинира.

Силуетите се задржани - макси фустани, јаки, струкирани капути и палта.

Колекцијата беше претставена преку едиторијал, а облеката ја носеа Џордин Дан и Лара Стоун.

Објавено:
17 мај 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.023 пати