Пролетен водич: Рамни обувки што ќе ги носиме во месеците што доаѓаат

22 февруари 2021

Календарски, има уште месец дена до доаѓањето на пролетта. Кога се температурите во прашање, тоа не можеме баш да го предивидиме, но доколку сте љубител на рамните обувки, можете да почнете со планирањето - тие ќе бидат ултра популарни и во месеците што ни доаѓаат.

Ние ви носиме краток водич за моделите што ќе доминираат:

 

Шпицести балетанки

Модел веќе добро познат и мошне популарен, а така ќе остане и следната сезона. Еднобојни, со металик сјај или пак во колор-блок варијанта - не е важно. Што и да одберете нема да биде грешка, бидејќи ќе ви ја дадат потребната доза елеганција во секојдневието.

 

Рамни обувки со панделка

Тука мислиме и на сандали, влечки, балетанки, но и патики. Совршен спој на оние што ја сакаат и негуваат романтичната естетика. Совршено можете да ги комбинирате со фустани, панталони, здолништа... 

 

 

Мокасини

Да, мокасините се некако незаменлив дел од колекцијата на речиси секоја жена, практични и удобни и за пролетната и за есенската сезона. Покрај моделите кои ги носевме претходно, со дискретни ременчиња, оваа пролет ќе доминираат малку погломанзи модели и малку позатворени од она што досега сме го практикувале. Токму затоа, можат да бидат ваш прв избор и за дождливите денови, за деловни комбинации или оние со џинс.

 

 

Сандалки со отворена пета

Тивко и ненаметливо се појавија на модната сцена и нивната популарност ќе продолжи и во 2021 година. Жените ги обожуваат бидејќи лесно се облекуваат и подеднакво добро изгледаат и на поелегантни и женствени комбинации и на оние полежерни. Во понудата можете да сретнете едноставни модели, со заоблен, шпицест или аголен врв, но и такви украсени со бисери, украсни шноли, со текстура или пак во две бои. Сите се добредојдени.

 

Кој би бил вашиот избор?

фото: Instagram.com; Pinterest.com; 

Објавено:
22 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.711 пати