Пролетната колекција на Fendi - поим за леснотија, светлина и младешки дух

28 јануари 2023

Она што италијанската модна куќа го покажа со својата пролетна колекција може да се дефинира со два збора – леснотија и светлина.

Уметничкиот директор на Fendi Ким Џонс, во една прилика и самиот изјави дека сака светлина во облеката, наспроти тежината и здрвеноста што според него, ја има постојано и насекаде.

Сакам кога нештата лебдат, елеганција, но со младешки духПролетната колекција е своевидно продолжение на есенската и одговор на она што го баараат клиентите на Fendi, како решение за вечерни фустани.

Тенките силуети, во бледи бои, со доминација на сребрената, помалку потсетуваа на сензибилитетот што го имаа слип фустаните во 90-те.

Речиси и да не можеше да се забележи дека некои од сребрените фустани со тантела, се изработени од кожа, материјалот од кој што започна сè.

Да не го испуштиме и моментот дека низ колекцијата се проткајуваше и суптилен допир на 30-те - гламур но, со една едноставна нота.

Фото: Vogue

Објавено:
28 јануари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
333 пати
Тагови: 
колекција