Пролетната колекција на „Селин“ за сите љубители на џинсот и бохо естетиката

14 март 2020

Модната куќа „Силин“ нуди моден времеплов за оваа пролет. Нивната колекција за претстојните месеци е јасна инспирација од 1970-тите години.

Главниот дизајнер, Хеди Слиман, ја пренесе естетиката на оваа модна декада во 2020, покажувајќи дека одлично може да функционира.

Колекцијата е составена од комбинации кои можете да ги носите секојдневно. 

Џинсот како материјал доминира, како и кожените елементи. 

Фармерки со прав крој или блага ѕвонарка се неговиот избор број еден. Исто така, парворк техниката на џинс изгледа фантастично. Генерално, сите вие што го сакате безвременскиот џинс, би можеле да се пронајдете во оваа колекција. Дизајнерот го применува и трендот џинс со џинс, кој е веќе актуелен неколку сезони, па одлично функционираат комбинациите и со тексасни кошули.

Во пролетната понуда се и долги сакоа, здолништа, кошули со карнери, но и цветни миди фустани, во комбинација со ремени, високи чизми и турбани, односно капи за глава. Бохо естетиката е претставена и преку боите, дезените и модните додатоци.

Кога би зборувале за иновативност, оваа колекција секако не би се нашла на почесно место, но ако зборуваме за практичност и инспирација, тогаш секако можете да ѝ се навратите кога и да посакате да осмислите комбинација за некоја пригода.

Погледнете ги сите модели:

 

Објавено:
14 март 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.257 пати