... Вака некако накратко и површно би гласел описот кој и самата Вирџин Виард (наследничка на местото на Карл Лагерфелд) би сакала да се има предвид, но и не целосно да доминира.
Појдовната точка за инспирација и креација се филмските хероини и актерките кои оставиле печат во поп културата. Коко Шанел, а подоцна и Лагерфелд, биле големи вљубеници во киното и филмската уметност, а листата на актерки и актери што носеле нивни креации е неверојатно долг.
Имајќи го ова предвид, Виард се инспирирала од некогашното златно доба на Холивуд, од гламурот што со себе го носи црвениот кили, елеганцијата и женственоста.
Сепак, за странските медиуми ќе изјави како нејзината намера не е да претстави носталгија по минатото време, туку како што вели и насловот, свежа колекција, богата со бои и креативна енергија, која совршено би одговарала во сезоната кога ни е потребна дополнителна доза надеж.
Дизајнерката прави микс од гламурот на Холивуд, претставен преку светкавите креации и обувките со високи потетици, серија панталони и комбинезони, како и јакни во интензивни бои како директна инспирација од 80-тите. Маици со логото на брендот, бермуди, фустани од лелеави ткаенини, како и оние со структура, како и слоевити комбинации наменети за секојдневниот изглед на современата жена, само ја оформуваат нејзината приказна која има цел да каже да го земеме најдоброто од она што било, за што подобро да го дочекаме она што следи.
Ведри, оптимистични и ослободени!
А во продолжение погледнете како изгледа таа нејзина визија преточена во креации: