Познатиот американски бренд Guess за актуелната сезона подготви колекција која ќе ве освои со боите, опуштената елеганција и нежноста со која зрачат креациите.
Но и покрај опуштениот стил, нема да недостасува софистицираноста. Она што исто така ја прави оваа колекција привлечна се деталите инспирирани од мото-стилот и тетоважите од една страна, а од друга страна е тантелата, со што се опфатени повеќе вкусови.
Секако, џинсот е во центарот на вниманието. Неговите светли тонови се вистински хит, па без разлика на тоа дали ќе се одлучите за комбинезон, мини-здолниште, елече или некое друго парче, ќе бидете сосема во тренди.
Во комбинација со тантелните парчиња, како и оние од транспарентни материјали, нема шанси да не бидете забележани каде и да одите оваа пролет и лето.
Guess не заборавија ниту на макси фустаните, а ниту на цветните принтови. Доколку сето ова ви звучеше примамливо, во продолжение погледнете го целосниот лукбук.