Прва колекција на Шанел без Карл Лагерфелд

6 мај 2019

Не е едноставно да се сносите со одговорноста да го наследите Карл Лагерфелд. Веројатно една од најтешките задачи, а истовремено и предизвици во модната индустрија, е да го продолжиш делото на Коко Шанел и Карл Лагерфелд. Таа одговорност ја прифати долгогодишната најблиска соработничка и асистентка на Карл, Вирџини Вард, која викендов ја прикажа првата ресорт колекција за Шанел „Destination Chanel", без Лагерфелд, што за неа беше тест пред јавноста, иако таа и претходно со години беше десна рака на Карл и на врвот од креативната хиерархија на брендот.

 И тестот успешно го положи...

Вирџини приказната ја смести на железничка станица, од каде крајната дестинација е се разбира Шанел.
Храбро пристапувајќи од позиција на нов креативен директор, таа креирала колекција во која имплементира нов, свеж дух, што е најава за новата Шанел ера, враќајќи се на женственоста каква што ја замислуваше Коко. Свеж дух, а препознатлив Шанел генетски код – веројатно тоа е и добитната комбинација.

Колекцијата ја поздравија и највлијателните луѓе во модната индустрија, меѓу кои и модната новнарка Сузи Менкес.

„За разлика од Карл чии кроеви и воопшто целосна естетика, секогаш имаа некаква сериозност, оваа колекција некако е порелаксирана, спортска, ноншалантна, со лежерни одела и шорцеви што заедно со кошулите и блузите со панделка прават „флешбек" на жените и модата во 70-те во Париз", вели Менкес.

 

Она што остава интересен печат е фокусот на интензивните бои. Ако Карл беше порезервиран во однос на спектарот на бои, Вард има понаков став во однос на колоритот, а гласи: сакам бои и богат колорит!
Всушност, токму преку акцентирањето на живите бои, таа и ја даде онаа ноншалантноста на колекцијата (покрај кроевите) за кои зборува Сузи Менкес.

Шанел не треба да се грижи за својата иднина во рацете на Вирџини Вард.

Погледнете ја колекцијата во продолжение.

 

Објавено:
6 мај 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.655 пати