Психоделична машка колекција на Mark by Mark Jacobs

5 февруари 2015

Како во старите добри времиња, кога самиот Марк Џејкобс беше на чело на брендот Marc by Marc Jacobs,  новата машка колекција за есен-зима 2015 е експлозија од бои и психоделични принтови.

На сметка на шаренилото од бои, апстрактните цртежи и урбаните принтови, кроевите се едноставни, работени по препознатлив терк без простор за експерименти во формите и силуетите.

Машкиот гардеробер за следната сезона, според овој бренд, задолжително треба да содржи спортски блузони со апликации и написи, палта чиј принт безмалку наликува на уметничка палета со сите возможни бои, фармерки и кратки џинс јакни, спортски и класични кроеви, ролки, кошули и класични сакоа.

Автентичните графички решенија се на уметничкиот артист Ели Судбрак, кој беше ангажиран специјално за оваа колекција.

 

 

Објавено:
5 февруари 2015
Категорија: 
Колекции