Раф Симонс си заминува од Калвин Клајн по само две години од прикажувањето на неговата прва колекција како креативен директор на брендот. Иако беше најавено, брендот нема да го одржи шоуто во февруари.
„Калвин Клајн одлучи да оди по нова патека која беше сосема различна од онаа на Симонс“, изјавија од брендот, додека дизајнерот одби да коментира.
ANGELA WEISS/AFP/Getty Images
Доаѓањето на дизајнерот во брендот во 2016 – тата беше најавено многу помпезно, а во модните кругови се говореше дека тој добивал милионски суми годишно.
Пред Калвин Клајн, Симонс беше дел од големи брендови меѓу кои и Џил Сандер и Диор каде правеше навистина впечатливи колекции.
Уште од самиот почеток, се чинеше дека она што дизајнерот имаше да го понуди беше сосема различно од она што го бараше брендот кој дотогаш беше познат по долната облека, џинсот и силниот маркетинг.
Останува да видиме каде белгискиот дизајнер ќе ја продолжи неговата кариера со оглед на тоа што неговиот портпарол сè уште не дал никаков коментар.
Инфо: Bussines of Fashion