Ралф Лорен претстави нова колекција од неговите најпопуларни парчиња кои секогаш може да се најдат во продавниците на брендот ширум светот.

Во колекцијата ќе ги најдете 16 – те најпопуларни и класични парчиња кои воедно се и најпродавани од брендот.

Меѓу истите се најдоа класичните костими, одлично скроените палта, пуловерите од кашмир, класичните маички, капутите, тесните класични панталони, познатите чанти и чизмите за јавање.

Како што соопштија од модната куќа, станува збор за парчиња кои клиентите секогаш ќе ги најдат во нивната понуда, со минимални промени кои ќе варираат од сезона во сезона.

Покрај колекцијата, модната куќа Ралф Лорен претстави и нова рекламна кампања која ја сними легендарниот Стивен Меисел.

Во кампањата ќе погледнете прекрасни црно бели фотографии од минималистички портрети на моделите Феи Феи Сун, Викторија Церети, Маргарет Куалеј, Стел Тенант, Жакет Вилер, Фредерик Софи, Жан Кемпбел, Алисија Бурк и Лулу и Камерон Расел.

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
632 пати