Ралф Лорен лансираше колекција инспирирана од серијата „Пријатели“

19 септември 2019

Ако сте верни фанови на култната серија “Пријатели“, тогаш сигурно знаете дека омилената Рејчел Грин долги години работеше во Ралф Лорен, а дизајнерот дури и се појави во една од епизодите.

За да ја прослави 25 годишнината од првата епизода на серијата и неговата улога во истата, 79 – годишниот дизајнер создаде колекција инспирирана токму од Рејчел Грин наречена „Wear to Work“.

Колекцијата на познатиот бренд е наменета за сите деловни жени, а во истата ќе најдете волнени костими, ролки, кожени панталони, миди или мини здолништа од велур, капути, јакни од супер впечатливи материјали и парчиња од вештачко крзно.

Секако, дизајнерот не заборави ниту на омилениот принт на неговите обожаватели, па така стави и неколку парчиња во пруги.

Она што е интересно е тоа што на местата каде ќе се продаваат парчињата наместена е инсталација – реплика на познатото кафуле Central Perk кое ќе се сели од место на место каде ќе биде изложена колекцијата.

Колекцијата е достапна во стоковните куќи Блумигделјс и онлајн на страната на брендот.  

Објавено:
19 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
235 пати