Ралф Лорен повторно на модната писта со многу бои и дезени златни елементи

11 септември 2023

По четири години отсуство Ралф Лорен се враќа на модната Њујоршка сцена со колекцијата пролет/лето 2024.

Враќањето во родниот град го најави со колекција која на некој начин го реинтерпретира американскиот сон.

Легендарниот дизајнер оживеа некои од познатите парчиња од својата архива, облагородувајќи ги со модерни елементи.

Сценографијата потсетуваше на неговиот дом, со многу дрво, бели столчиња, впечатливи лустери, рамки од слики и свеќи.

Ready to Wear линијата стави фокус на џинсот во гламурозна верзија декориран со скапоцени камења, чипка и флорални мотиви.

Лорен, овојпат, го замисли вечерниот стајлинг со златни, металик елементи, реси и деликатна свила.

Модното шоу го затвори една од првите супермодели, легендарната Кристи Тарлингтон облечена во величенствен златен фустан како божица.

Меѓу гостите кои будно ја следеа ревијата беа Џенифер Лопез, Џулиен Мур, Џејмс Марсден, Аманда Сејфрид и други.

Фото: Vogue

Објавено:
11 септември 2023
Категорија: 
Колекции