Како и минатата, така и оваа година познатиот бренд H & M, ја лансира лимитираната верзија на Conscious Exclusive Collection. Линијата го задржа фокусот што го промовираше мината година, а тоа се модели на коктел фустани, тантелните дизајни, лесни материјали, апликации на везови-сите заедно сплотени во софистицирана и елегантна стилска приказна.
Денеска официјално се појави и лукбукот за оваа колекција, а за заштитно лице на истата е избрана романската манекенка Андреа Диакону. Во однос на материјалите за колекцијата користени се еколошки материјали како органски памук, коноп, тантела и рециклирани ткаенини. Во поглед на стилот, дизајнерскиот тим понуди одлични комбинации на модни парчиња во бохо и фламенго стил, секојдневни визии за урбани девојки, елегантни и модерни изгледи кои ќе бидат актуелен тренд за претстојната жешка сезона.
Во поглед на боите доминираат пастелните нијанси на розовата и бежовата боја, црните и белите тонови, како и принтовите. Колекцијата ќе се најде во официјална продажба на веб страната на брендот и во продавниците ширум светот почнувајќи од 10-ти април оваа година.