Ресорт 2015: Едноставност и елеганција во колекциите на Дона Каран и Вес Гордон

5 јуни 2014

Дона Каран ја нарече својата ресорт колекција „The Pajama Life“ (Пижама животот), но тука не мислеше на традиционалната ноќна облека. Гледајќи ја колекцијата ќе забележите дека акцентот е ставен на елеганцијата и официјалноста. Дел од фустаните се верзии на кошули од свила и жерсе. Металик сјајот е исто така присутен како и здолништа од шифон.

donna karan

Од друга страна Вес Гордон се насочил кон чисти силуети што директно ја допираат женственоста. Белата боја доминира, во комбинација со сини нијанси и понекое црно парче, а присуството на тантела кај здолништата и фустаните само ја нагласува неговата цел.

-Процесот на создавање беше фокусиран на жената која носи и купува облека која не е преценета - вели Гордон.

Едноставниот пристап можеше да се забележи во сите парчиња, свилените фустани, здолништата со А-крој, широките панталони...

wes gordon

-Сакам жената да го живее својот живот во овие парчиња - нагласува дизајнерот.

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Колекции