Ресорт колекции на Гучи и Готје за 2015 година

4 јуни 2014

Креативниот директор на Гучи, Фрида Џанини и овој пат одлучи да го вметне цветниот принт во својата ресорт колекција со наслов „Surface and substance.”. За оваа колекција, Фрида одлучи да соработува со Канадскиот сликар Крис Најт, а цветовите кои се дел од парчињата според преданијата се билки кои ги користеле жените во паганскиот Рим за создавање на волшебен напиток. Резултатот е создавање на ресорт колекција која би било погрешно доколку се дефинира како романтична. Таа е практична за секојдневно функционирање и се состои од здолништа, палта, широки панталони и фустани со едноставен крој.

Од друга страна, француската модна куќа на Готје за својата ресорт колекција реши да вметне египетски хиероглифи и апликации од житни полиња. Интересните графички елементи допринесуваат колекцијата да изгледа еклектично. Жан Пол Готје направи интересен микс на принтови, кои ја дефинираат ресорт колекцијата во знакот на геометриските композиции. Интересен спој на лежерност во делумно спортска конотација.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Колекции