Ресорт колекции на Роберто Кавали и Мери Катранцу за 2015 година

24 јуни 2014

Ресорт колекција на Роберто Кавали за 2015 година Ресорт колекција на Роберто Кавали за 2015 година

Моделот Верушка е водечката инспирација за создавање на ресорт колекцијата на Роберто Кавали. Централно место заземаат креациите кои ја прават женската силуета флуидна. Колекцијата нуди комплети, но и макси и мини фустани изработени од сатен, свила и жоржет. Предност им се дава на морнарската сина нијанса, но застапени се и принтовите од кое посебно значење има животинскиот принт. Деталите кои се најзастапени низ колекцијата се цветните дезени, но и плисираните детали и наборите кои даваат дополнителна драматичност во ресорт колекцијата на Кавали за 2015 година.

Ресорт колекција на Роберто Кавали за 2015 година Ресорт колекција на Роберто Кавали за 2015 година

Од друга страна, Мери Катранцу направи неверојатна ресорт колекција во која вообичаениот принт го имаше заменето со тантела со везени мотиви. Инспирацијата е токму азбуката, па везените букви се вклопуваат со мотивите од животни и растенија, а сето тоа потсетува на средновековни книги со богата калиграфија. Дел од мотивите не беа толку воочливи па се вклопија со основниот материјал, како што се кратките панталони кои всушност на себе имаат прецизна игра со букви. Исто така, ресорт колекцијата е составена од кратки здолништа и фустани со  А-крој од кои некои изгледаат транспарентно поради вметнувањето на тантела. За крај, Мери со оваа колекција реши да претстави едноставни колор блок чанти кои одлично се вклопуваат со модните парчиња.

Ресорт колекција на Мери Катранцу за 2015 година Ресорт колекција на Мери Катранцу за 2015 година

Ресорт колекција на Мери Катранцу за 2015 година Ресорт колекција на Мери Катранцу за 2015 година

 

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Колекции