Ресорт колекција на Етро за 2015 година

15 мај 2014

Заштитниот знак на Етро и понатаму е дел од сите колекции, па така и овој пат преовладува јака палета на нијанси и принтови комплетирани во една модерна целина. Покрај геометрискиот и цветен принт, до израз доаѓаат еднобојните, но и црно – бели комбинации, а особено внимание привлекуваат сандалите и патиките кои се целосно со принтови. Колекцијата нуди комбинации на парчиња од панталони со маици и здолништа со интересни палта.

Ресорт колекцијата на Етро за 2015 година е одличен спој на модернизам, проткаен низ парчиња во една суптилна целина.

Објавено:
15 мај 2014
Категорија: 
Колекции