Ресорт колекција Вилшенко: Нежна колекција за сите романтичарки!

26 јуни 2015

Руската дизајнерка Олга Вилшенко остана верна на својата главна инспирација и во новата колекција: романтиката од 70 – тите испреплетена со традицијата на руската култура.

 

Буквално сите парчиња од нејзината колекција веднаш ќе ве одведат на некое далечно, романтично патување во најубавите краеви од светот. Сите парчиња од колекцијата се во свежи и прекрасни бои, изработени од лесни материјали какви што секоја девојка може да си посака.

Она што е особено прекрасно, е тоа што сите парчиња од нејзината cruise колекција се навистина носливи и речиси едноставни и допадливи за секоја девојка.

 

Како и секогаш, таа создаде многу романтични парчиња надополнети со делови од руската култура и традиција, преточени во шик цветни фустани, широки панталони, лежерни бохо кошулки со цветови, но и интересни модели на есенски палта и супер скроени долги панталони.

Во целата колекција доминираат светлите нијанси, а главниот акцент е ставен на белата боја како омилена на дизајнерката, но овојпат украсена со колоритни цветови во корални нијанси за помалку хипи призвук.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите парчиња од колекцијата на талентираната Олга.

Објавено:
26 јуни 2015
Категорија: 
Колекции