Ресорт колекцијата на Дандас е совршена за лето

8 јуни 2021

Модните брендови периодов ги презентираат Ресорт колекциите за 2022 година.  Нам вниманието ни го привлече онаа на Питер Дандас.

Тој најави учество на модната недела во Њујорк која е планирана во септември, а со оваа колекција само пушти „тизер“ за тоа што би можеле да очекуваме.

И тоа добар. Спојот на сексапил и летна естетика е направен умешно, а сепак и комерцијално. Тој им го нуди на жените она што сакаат да го носат - фустани што ја следат линијата на телото, но и широки одела, металик парчиња кои асоцираат на забава, но и цветни фустани, костими за капење и наметки за совршен изглед на одмор.

Дандас прави таква комбинација на парчиња што би посакале да ја имате целата колекција во гардероберот и да ви биде доволна за сите пригоди во претстојните месеци.

Нашиот фаворит се дефинитивно оделата кои веќе ги споменавме, како и мини фустаните со ракви.

Кој е вашиот?

Објавено:
8 јуни 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
244 пати