Ресорт колекцијата на Валентино ќе ве шармира на прв поглед

31 мај 2019

Пјерпаоло Пичоли решил „немилосрдно" да ги шармира вљубенците во модата и својата клиентела, со новата ресорт колекција за Валентино.

Сместена во егзотична средина, во познатата ботаничка градина во центарот на Рим, Пичоли ѝ дава еден исклучително допадлив карактер на оваа ресорт линија за 2020 година, до степен на обожување.

Базата на ресорт колекцијата ја сочинуваат раскошни и пријатни материјали, обоени во цветни и животински принтови, а боите се разлеваат од интензивни до пастелни, додека кроевите создаваат чувство на леснотија.

Така дизајнерот на еден префинет начин ги соочува елеганцијата и секојдневието, креирајќи нослив шик.
Акцентот кај деталите е на марамите за глава и шеширите, на тој начин заокружувајќи го егзотичниот шарм на комбинациите.

Фото: Vogue

Објавено:
31 мај 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
324 пати