Доколку сте љубител на ликот и делото на одличната Грејс Џонс, тогаш сме сигурни дека ресорт колекцијата за 2017 година на брендот „Макс Мара“ ќе ве воодушеви, бидејќи е инспирирана токму од неа.

Но, дури и да не сте некој што ја сака естетиката на оваа уметница, колекцијата е направена така што апсолутно може да функционира во современието.

Геометриските принтови и интензивни бои ја прават примамлива. Особено е изразен мистичниот или „покриен“ сексапил, на кој му се спротиставуваат неколку транспарентни парчиња.

Ако се разгледува на ниво на потребни парчиња на една зафатена, деловна жена, тогаш колекцијата на „Макс Мара има сѐ – од широки, секојдневни панталони, преку оние со потесен крој, одела, кашмирски блузи, кошули, како и секси коктел фустани.

Вие што се пронајдовте макар во дел од описите, погледнете ја целосната колекција погоре и одберете го вашиот фаворит.

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
243 пати