„L'amour“ или „Љубов“ е насловот на најновата колекција на дизајнерот Симон Жакемус.
На неколку километри од Париз, сред житни полиња тој и неговиот тим создадоа вистинска магија. И некако веднаш ви доаѓа да ја пуштите „Fields of Gold“ и да се препуштите на уживањето.
View this post on Instagram
Писта и тесен круг на одбрани гости сместени меѓу житото, на метар одалеченост совршено се вклопија во концептот за слобода. Како вели и самиот дизајнер, шоуто не би било комплетно без публика, без таа размена на енергија и љубов. На секој од гостите му било дадено средство за дезинфекција и шише вода, со што како посочува до крај се внимавало на безбедноста.
На тоа се надоврзуваат моделите во бели и беж нијанси, за мажи и жени, за слаби и оние со некој килограм повеќе, за оние со пеги, или оние со порцелански, а и оние со црномурест тен.
Едноставен крој, а сепак со интересно вметнати елементи, природни материјали, сето тоа ја прави приказната за сплотување со природата комплетна.
Слобода и љубов во сите облици, и по законите на природата е пораката која дизајнерот ја испраќа. После прекрасните полиња со лаванда, сите мислеа дека ќе биде тешко да се надмине таа магија. Но, Жакемус го задржа концептот, а понуди сосема ново доживување.
View this post on Instagram
И за нас што електронски мораме да го проследиме ова, а незаборавно за оние што имале среќа да го искусат директно.
Во продолжение погледнете го видеото: