Ricky Regal x Lacoste: Бруно Марс ја дизајнираше својата прва модна колекција за Lacoste.

2 март 2021

Поп-ѕвездата Бруно Марс веќе цела година ја подготвува модната колекција под закрила на брендот Lacoste. Добивајќи целосна слобода од страна на креативниот директор на брендот, Луиз Тротер, Марс вели дека колекцијата е подготвена да го види светлото на денот. 

Пејачот нагласува дека имал многу понуди за соработки, но се одлучил за Lacoste, бидејќи е голем фан на брендот. ,,Додека растев, ако во училиште некој се појави со крокодилот на градите, тоа значеше нешто!" - вели Марс.

За да ја создаде колекцијата по своја замисла, Бруно Марс вели дека создал алтер его Рики Регал - екстремно модно освестен човек со изострено око за дизајн. Самата линија го носи името Ricky Regal X Lacoste. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Oil Agency (@oilagency)

Парчињата во колекцијата се претежно инспирирани од стилот на 70-те години од минатиот век. 

Колекцијата ќе  биде достапна во продажба на 5-ти март.

Објавено:
2 март 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
250 пати
Тагови: 
Бруно Марс