Рита Ора повторно во улогата на Material Girl
•
8 февруари 2014
Рита Ора ја продолжи соработката со Мадона, а за потребите на новата рекламна кампања за пролет/лето 2014 година, таа позираше на локации кои се всушност обележје на Мајами. Покрај тоа што Мадона претходно имаше изјавено дека 23 годишната пејачка е идеална за улогата на Material girl, Лурдес Марија Лола ќерката на Мадона се согласува со ставот на својата мајка дополнувајќи дека Рита е модна икона која знае да си поигра со модата.
Дека соработката е успешна може да се забележи и од тврдењето на Рита која изјавила- „ Мислам дека во светот на модата не постојат правила и дека линијата Material girl е начин на изразување на личниот став“.