Роберт Родригез: Лето во црно-бели комбинации

29 јули 2013

Роберт Родригез

Роберт Родригез за колекцијата пролет-лето 2013 ги одбра неутралните, црно-бели комбинации. Ако колекцијата за минатото лето беше исполнета со многу бои, дизајнерот се реши овој пат за посмирени варијанти.

Но, „недостатокот на бои“ не значи и недостаток на идеи и стил. Мини фустани, моторџиски јакни, здолништа се само дел од парчињата во оваа колекција. На практичноста и ја додава и елеганцијата, претставена не само преку формата, туку и материјалот. Еден дел од парчињата се изработени од свила.

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Колекции