„Родарте“ со посвета за фановите на Star Wars

13 февруари 2014

 

Сестрите Кејт и Лора кои се потпишуваат за етикетата на брендот „Родарте“, својата колекција за есен-зима 2014/15 решија да ја изработат во духот на нивните драги спомени од детството. Главна одлика во креациите беше персонификацијата на ликовите и облеката од филмскиот серијал „Војна со ѕвездите“. Се чини дека почнувајќи од септември фустаните со Јода, ликот на неодоливиот Лук Скајвокер, принцезата Леја, златниот робот R2D2 или С-3РО ќе ги освојуваат светските улици. Многумина се изјаснија дека линијата на „Родарте“ е најдоброто нешто кое продефилирало на модната недела во Њујорк последниве неколку дена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Колекции